1 коментар 2 мин. читање 10 април, 2014

Facebook со сила ќе ве натера да го користите Messenger на вашиот телефон

Facebook започна да известува дел од своите корисници во Европа дека доколку сакаат да продолжат да четуваат со своите Facebook пријатели ќе мора да го преземат Facebook Messenger, бидејќи четот од мобилната апликацијата наскоро ќе биде тргнат. Копчето за пораки засега ќе остане на апликацијата, но неговото притискање ќе го отвора Messenger. Промената ќе ги зафати и Android и iOS уредите. Наводната причина е што четот е бавен и не нуди најдобро искуство, и поради ова не ги задоволува стандардите на компанијата, но јасно е дека Facebook сака да ја направи Messenger популарна како другите апликации за испраќање пораки.

Компанијата ја потврди промената за Verge додавајќи дека не станува збор за тест, туку наскоро од апликацијата нема да може да се пишуваат пораки насекаде. Засега без Facebook Messenger ќе можат да четуваат корисниците на постари Android телефони, Windows таблет компјутери, Windows Phone и корисниците на Paper апликацијата.

Со оглед на тоа дека четот во Facebook Messenger е далеку поеднставен и подобар, тешко дека на некој ќе му недостасува чет опцијата во апликацијата. Останува можеби прашањето дали Facebook ќе се обиде некако да ги интегрира и корисниците на WhatsApp или можеби во иднина да ги спои двете апликации.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Димитар
Димитар
12 years ago

Олабавете со глупите наслови, не ви личи.

Мени
Заедница
Изглед
To top