Американската армија ќе купи над 120 000 HoloLens очила од Microsoft

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Армијата на САД е заинтересирана за очила за проширена реалност. Армијата на САД објави дека ќе ја продлабочи соработката со Microsoft oд креирање на прототип на продукциска фаза. Microsoft ќе треба на армијата да и испорача 120 000 уреди кои се базирани на истата технологија како и HoloLens. Договорот во следните 10 години може да достигне 21,9 милијарди долари, пренесе CNBC.

Microsoft и армијата последните две години соработуваат на развој на интегриран систем за визуелно проширување (Integrated Visual Augmentation System – IVAS). Оваа соработка која датира од 2018 година на Microsoft му донесе 480 милиони долари.

„IVAS сетот базиран на HoloLens и надграден со Microsoft Azure сервиси креира платформа која ќе овозможи војниците да бидат побезбедни и поефективни. Програмата испорачува зголемена свесност за ситуацијата во која се наоѓаат, овозможувајќи споделување на податоци и носење на подобри одлуки во различни ситуации“, вели Microsoft на својот блог.

HoloLens е уред за проширена реалност кој на корисниците им овозможува да поставуваат холограми директно над теренот кој го гледаат. Една од примените која ќе ја има е подготовка и тренинг на војниците во безбедни услови. Новата верзија на уредот на пример ќе им овозможи на операторите на оклопни возила да гледаат надвор од возилото и низ ѕидови. Со надградба ќе бидат надминати проблемите на претходникот како проблеми со сензорите и GPS.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk