За следната недела единствениот конкурент на Nvidia, AMD најави презентација во живо. Според најавата компанијата ќе го претстави конкурентот на Nvidia 10xx серијата, седмата генерација на AMD A-серија процесори и Polaris архитектура.
Засега нема премногу други податоци околу што друго ќе биде презентиранo, но на презентацијата на Polaris архитектурата, компанијата најави дека првите графички картички ќе бидат достапни од средината на годината. Она што е поинтересно е споредбата на можностите на графичките картички. Nvidia со новите картички успеа да спои перформанси и цена која е повеќе од одвојно пониска од претходните картички со приближни перформанси. Освен графички картички компанијата најверојатно ќе ги презентира своите APU, комбинација од CPU и GPU на еден чип.
Доколку компанијата не успеа да презенитра графички со Polaris архитектура во догледно време, пазарот без сомневање ќе биде во рацете на Nvidia. Сепак, пред да продолжиме со шпекулациите, да почекаме на презентацијата.
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.