Кинеската фабрика Foxconn, која ги прави и деловите за iPhone, работи со Amazon на паметен телефон, дознава Bloomberg повикувајќи се на анонимни извори според кои Amazon ќе се обиде да влезе на пазарот на паметни телефони со патентирање на бројни безжични технологии во случај да треба да се брани од тужби.
Аmazon веќе е навлезен во хардвер пазарот со е-читачот Kindle кој поради својата функционалност, наменет е за читање, се разликува од другите таблет компјутери од кои е поуспешен.
Можеби Amazon ќе ја задржи таа стратегија и нема да се обиде да биде директен конкурент на Aplle и Google туку ќе се фокусира на одредена функционалност, можеби ќе биде и помала верзија на Kindle, но големи се и шансите да има 3Д мапи бидејќи само пред еден месец Amazon го купи UpNext.







