Аmazon продава се што ви е потребно за да преживеете зомби апокалипса

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Amazon започна да нуди производи за заштита од зомби апокалипса, јавува The Next Web.  Одделот за „Заштита од зомби“ нуди се што ви е потребно за заштита од епидемија на зомби. Од „заштита за мозокот“ (заштитни шлемови) па до заштитни елеци. Покрај ова во артиклите на одделот спаѓаат и воки-токи, јажиња, кабли и се разбира, ни еден проект не е сигурен без доволно селотејп.

Сепак the Next Web најде друго можно објаснување, новиот оддел можеби е направен за комерцијални цели. Иако потешко забележлива на страната  е поставена реклама за Black Ops II, а денот на која се појави опремата за заштита од зомби, коинцидира со излегувањето на играта 13 ноември. Поточно, Amazon е и првата страна која го објави „зомби модот“ на Black Ops 2, што тогаш се сметаше за протекување на информации.

Без разлика што потегот е комерцијален, а можеби е тешко за воочување што е целта на рекламата. Мора да се признае дека рекламата е позабавна од вообичаениот начин на рекламирање, покрај ова во случај на вистинска зомби апокалипса Amazon веќе е подготвен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments