0 коментари 2 мин. читање

Сега на Vimeo ќе може да изнајмите филм

Видео сервисот Vimeo претстави опција за плаќање и изнајмување на филмови. Во моментов се нудат само шест филмови кои можат да се гледаат и на паметни телефони, таблет компјутери и гејминг конзоли, но сигурно откако ќе се види интересот на 85-те милиони месечни посетители, ќе бидат додадени и други наслови. Услугата да понудат видео за претплата во наредните месеци ќе им биде достапна и на Pro корисниците на сервисот, а тоа се малите бизниси и креатори на маркетинг содржина.

Искрено оваа вест не е толку важна за македонските корисници кои немаат пристап до филмовите кои се наменети само за американскиот, односно британскиот пазар, но тоа што е важно е што Vimeo, YouTube и други вакви веб сервиси се се поактивни во тоа да се претворат во видеотеки. На крај, кога oваа еволуција на видео сервисите ќе зафати поголем замав, кога ќе се воспостават соработките помеѓу студијата и сервисите основани на вистинскиот бизнис модел, тогаш ќе може да видиме и филмови достапни и на македонскиот пазар.

„Нашата цел е да обезбедиме отворена и флексибилна платформа која ќе им дозволи на сите креатори на содржина да заработата приходи директно од нивната публика.“, вели директорот на Vimeo, Кери Трејнор.

Иако Vimeo е главно бесплатен сервис, сепак во последните месеци се обидува да ја промовира платената содржина, односно да им понуди заработка на креаторите како Tip Jar услугата која беше претставена во септември.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top