Amazon претстави нов прелистувач Silk за новиот Kindle Fire

во Веб, Софтвер

Новиот Silk прелистувач на Amazon ќе функционира како на таблет компјутерот Kindle Fire, така и на облакот преку Amazon Web Services (AWS) платформата. Идејата, вели Amazon, е да се направи прелистувач кој ќе ги искористи можностите на AWS, но ќе ги надмине и ограничувањата на типичниот мобилен прелистувач. Пример, Silk ќе ги препознава навиките на корисниците како се однесуваат на разни веб сајтови и ќе предвиди која веб страна ќе се отвори за да ја кешира веднаш.

„Секој пат кога ќе стартувате веб страна, Silk прави динамична одлука за кои од овие подсистеми ќе биде стартуван локално и кои ќе бидат стартувани од дистанца.“, објаснуваат инженерите на Amazon. „Ние го искористуваме облакот на Amazon за виртуелно безконечно кеширање за обичните фајлови, CSS табели, JavaScript-и што се користат за рендерирање на веб страните кои се користат секој ден, сето тоа е вчитано oд облакот на Amazon така да не се троши ниту еден бајт од просторот на самиот уред [Kindle Fire]“.

Silk може да му овозможи на Amazon да знае што читаат и прегледуваат корисниците на Fire, давајќи му предност да се прилагоди на нивните навики и да понуди или подобри реклами или подобри цени (Amazon сепак е веб продавница).

Ова „следење на навиките“ може да биде проблем за приватноста на корисниците, вели безбедносната компанија Sophos, кои посочуваат на условите за користење на Amazon Silk во кои се наведува дека URL, IP и MAC адресите ќе се чуваат до 30 дена. За да работи како што треба облакот на Amazon и Silk ќе мора да бидат поврзани постојано, иако, со цел да се зачува приватноста на штета на корисничкото искуство, ќе има и „off-cloud” опција.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk