0 коментари 2 мин. читање 30 април, 2014

Amazon додаде Wearable Technology во својата продавница; ќе ги промовира паметните часовници и паметни очила

Најголемата продавница во светот Amazon додаде дел за преносни комјутери кој е наречен Wearable Technology. Во новиот дел ќе бидат сместени паметните часовници, паметни очила, камери како GoPro, уреди за следење на виталните знаци и фитнес паметни уреди. Иако некои од уредите се достапни веќе неколку години корисниците дури сега започнуваат да ја забележуваат поради новите продукти кои се појавуваат. За да им помогне на своите купувачи Amazon ќе започне и Learning Center кој ќе презентира видео и детални совети за купувачите. Тука корисниците ќе можат да се запознаат со компатибилноста на уредот, споредба со слични производи и сугестии на останатите корисници кои ќе треба да му овозможат на купувачот да го избере уредот кој најмногу му одговара. Освен големи брендови како Samsung, GoPro или Jawbone Amazon најавува производи и од помали производители, на пример Basis и Misfit, се со цел да го зголеми асортиманот и да обезбеди секој купувач да го пронајде уредот кој е најприлагоден за него.

„Купувачите сега можат едноставно да откријат, истражат и да ја купат најновата преносна технологија вклучувајќи монитори за активности преносни камери и паметни часовници“, вели Amazon.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top