0 коментари 2 мин. читање 30 април, 2014

Апликација на денот: Автоматизирајте го вашиот Android со IFTTT

Апликацијата позната под акронимот IFТТТ (If This Then That) конечно е пристигна и на Android. Апликацијата овозможува автоматизација на дел од функциите на паметните телефони со примена на едноставното „ако… тогаш…“. Корисниците најпрво треба да ги активираат каналите на IFTTT. Како канал може да се искористи Facebook, Gmail, Twitter, но и уреди како Philips Hue-паметна светилка или Belkin WeMo паметен приклучок. Каналите преку „рецептите“ се поврзуваат со сервисите или други уреди, на пример, можно е секој пат кога ќе бидете во близина на одреденa WiFi мрежа да го исклучите ѕвонењето на телефонот. Може ѕвонењето да се исклучи кога ќе дојдете во канцеларија или да се вклучи кога доаѓате дома. Апликацијата може и да ги промени светлата на паметната сијалица во боите на вашиот омилен клуб секој пат кога почнува натпреварот. Има и автоматско закачување на Instagram сликите на Flicker и уште куп други функции.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top