Altheia: The Wrath of Aferi се према да се појави како авантуристичка фантазиска игра која ќе ги спои елементите на истражување, решавање загатки и динамична борба, нешто што е очигледно инспирирано од безвременските дела на Studio Ghibli и класичните игри од серијалот The Legend of Zelda. Развиена од страна на независното студио Jade Ember Studios, играта ќе нè однесе во светот на Атарасија, земја нападната од мистериозна сила позната како The Void.

По трагичната загуба на својата мајка поради древно зло, Лили ќе се одрече од своето наследство и должноста како чувар. Меѓутоа, нејзиниот пат ќе се вкрсти со Сади, млад монах на обука, кој ќе ја убеди да ја обноват традиционалната соработка помеѓу чуварите и монасите. Нивната заедничка цел ќе биде да го спасат својот дом од корупцијата што ја шири празнината, сила која не само што го уништува светот, туку и создава опасни чудовишта со кои хероите ќе мора да се соочат.
Патешествието на Лили и Сади нема да биде само борба за опстанок, туку и патување кон себеоткривање. Тие ќе мора да ги надминат своите внатрешни конфликти и да научат да соработуваат, комбинирајќи ги своите уникатни способности за да ги надминат пречките. Нивната крајна цел ќе биде да се соочат со божеството одговорно за нивните семејни трагедии и да стават крај на заканата од празнината.

Светот на Атарасија ќе биде исполнет со уништени храмови, светилишта и мистериозни зандани кои ќе чекаат да бидат истражени. Гејмплејот ќе се фокусира на тимската работа и синергијата помеѓу двата лика, каде играчите паметно ќе ги скокаат помеѓу Лили и Сади за да решаваат сложени загатки и да ги победат непријателите. Додека Лили ќе специјализира за борба одблиску со својот меч, Сади ќе користи магија за да манипулира со околината и да напаѓа од далечина.
Во текот на авантурата, ќе откривате комплексни зандани исполнети со загатки и непријатели, а еден од клучните аспекти ќе биде спасувањето на пријателски настроени духови заробени во корумпираните подрачја, кои ќе нудат помош и ќе ги откриваат тајните на светот. Врвот на секоја истражена локација ќе бидат епските битки со џиновски чудовишта од празнината. Победата врз нив нема ќе ја прочистува околината, враќајќи ја нејзината првобитна убавина.

Altheia: The Wrath of Aferi ветува дека ќе биде волшебно искуство кое ќе ги воодушеви љубителите на акциони авантури и емотивни приказни. Со својата прекрасна визуелна естетика и фокус на соработката, оваа игра има потенцијал да остави силен впечаток во гејминг индустријата.