Alphabet бара 10.000 волонтери кои ќе ги споделуваат своите здравствени податоци

во Вести

Verily, дел од Alphabet (порано Google) бара 10.000 доброволци кои ќе ги споделуваат своите здравствени податоци. Цел на новиот проект е пронаоѓање на можности за рано пронаоѓање на знаци на рак или срцево заболување. Проектот за подобро здравје Google го нарече Baseline. Волонтерите од САД веќе може да се пријават на сајтот.

Целиот проeкт и студијата чинат повеќе од 100 милиони долари. Сепак целта, предвидување на рак и срцеви заболувањa, е и повеќе од доволна инспирација.

Сепак сите волонтери ќе треба да споделат куп податоци. Пoстојано ќе треба да носат часовник кој ќе ја следи работата на срцетo, под душекот треба да остават уред кој ги мери нивните навики за спиење, ќе мора редовно да одат на ренген, редовна контрола на работа на срцето, тестирање на ДНК, и тестирање на крвта, јави MIT Technology Review.

Тестовите за секој од 10.000 доброволци ќе траат четири години, а тестовите се најобемни досега. Ова не важи единствено за бројот на пациенти, туку и за самиот број на тестови кои ќе бидат спроведени.

Истражувањата ќе бидат извршени на универзитетите Станфорд и Дјук. Универзитетите ќе добијат 41.5 милиони и 22 милиони долари. Молекуларните тестови и секвенцирањето на ДНК, ќе ги прави Verily.

Иако целиот проект можеби на некој ќе му изгледа како преголемо нарушување на приватноста, досега немало подобра причина за времено откажување од истата. Verily ќе ги чува податоците од корисниците две години по завршувањето на тестовите, по што ќе избришат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk