Alone in the Dark e верно продолжување на серијалот

Во едно поразлично време, Alone in the Dark беше синоним за квалитетни хорор игри – серијал кој собира легија од фанови уште од 1992 година. По катастрофално лошата Alone in the Dark, од 2008 година, серијалот некако се повлече во сенките, трпеливо го темпираше времето и ја чекаше шансата одново да се докаже.

Се чини дека 16 години е доволно време за таквото нешто и најновата игра, овојпат развивана од Pieces Interactive, се враќа на големата врата, трудејќи се да ги шармира носталгичните гејмери со комплексна приказна, харизматични ликови, предизвикувачки загатки и впечатливи околини.

Во Alone in the Dark играте или со Емили Хартвуд (Џоуди Коумер) или Едвард Карнби (Дејвид Харбор)

Мрачната самотија

Позајмувајќи ја наративната механика од Resident Evil 2, на почетокот на Alone in the Dark одбирате дали да играте со Џоуди или со Едвард. Потоа, поминувате низ идентични локации, се сретнувате со истите ликови, решавате идентични загатки и се соочувате со истите непријатели. Но, иако би можеле да помислите дека кампањата е иста, има одредени работи што охрабруваат преигрување со другиот лик.

Во поглед на дијалозите и одредени внатрешни монолози, Едвард и Џоуди реагираат различно. Дополнително, има еден дел во играта, со времетраење од половина час, кој е целосно различен во зависност од ликот со кој играте.

Надвор од ова, сѐ е апсолутно идентично, како во поглед на горе-споменатите работи, така и во поглед на оружјата кои ги користите, локациите кои ги истражувате и непријателите со кои се борите. Всушност, рака на срце, пиштолот на Џоуди има седум куршуми, а пиштолот на Едвард – шест, што значи, помалку репетирање за девојката. :)

Што се однесува до самата приказна, десет часовната кампања ве внесува во лавиринт од навидум необјасниви ситуации.

Дијалозите се одлично напишани, супериорно одглумени и мајсторски презентирани. Нема никакво сомневање дека многу труд и знаење е посветено на осмислување на бројните локации како и на начинот на кој загатките се вклопуваат во околините.

Ни се допадна и тоа што играта е сместена во триесетите години на минатиот век, со што целиот свет добива поинтересна, надреална димензија, особено за помладата публика.

Покрај истражување и решавање загатки, Alone in the Dark има одредени сегменти кои се целосно фокусираат или на избегнување непобедливи непријатели или на битки со огнени и ладни оружја.

Овој дел, меѓутоа, потфрлува во многу аспекти и не успева да ја понуди истата сатисфакција како кај гигантите од кој е очигледно инспириран (Dead Space и Resident Evil).

Од една страна, непријателите се некреативно дизајнирани и се со еднолични параметри за напади, ослонувајќи се често на анималистички, но предвидливи патеки на движење и агресивна бруталност.

Од друга страна, бројот на огнените оружја е болно ограничен. Аматерски оперирани од какви било надградби или можности за користење специјализирана муниција, оружјата не пружаат никаква динамичност при битките и сѐ се сведува на еднолични непредизвикувачки елиминации.

Не помага ни тоа што не можете да носите повеќе од едно ладно оружје кое, патем, многу лесно може да се искрши и да ве остави со празни раце – раце кои не можете да ги стегнете во тупаници и да ги искористите за напад.

Нападите се можни само со ладни или огнени оружја; рацете се само за да ги држат оружјата, а нозете само за да се бега. :) Ова не беше случајот со претходните игри од серијалот; дури и првата игра ви дозволуваше да напаѓате со раце или нозе.

Како и да е, она што го има во делот со битките е модернизирано и способно да пружи одредена тежина и површна сатисфакција. Но, онаму каде што чедото на Pieces Interactive навистина сјае е во моќната приказна, во непредвидливите заплети и во преубавиот дизајн на локациите.

Ова, потпомогнато од феноменалната глума на одамна-докажаните актери и квалитетната музичка подлога, знае да ја направи Alone in the Dark како исклучително добар продукт на интерактивна забава.

Особено ни е мило што серијалот повторно се враќа и се надеваме дека модернава Alone in the Dark ќе успее да најде соодветна и доволно бројна публика како не би чекале уште 16 години за следната игра.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Pieces Interactive
  • ИздаваTHQ Nordic
  • Жанр: психолошки хорор, акција
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 20 март 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk