Alibaba сериозно ќе инвестира во домените на вештачка интелигенција и облак

Кинескиот технолошки гигант Alibaba планира да го прошири својот облак со нови податочни центри во клучните азиски маркети. Покрај проширувањето на облакот, компанијата планира и посериозно да инвестира во доменот на вештачката интелигенција.

„Во текот на следната деценија, ниту една индустрија нема да биде отпорна на влијанието од вештачката интелигенција, изјавија од управниот одбор на компанијата

За 2023 година, компанијата пријави 8% раст на годишниот приход. Вкупниот годишен приход изнесуваше 130,35 милијарди долари, додека пак добивката изнесуваше 9,88 милијарди долари, што е за 9% повеќе од претходната година.

Вештачката интелигенција го менува светот и ја обликува иднината, а Alibaba будно го следи движењето на оваа наука и планира да ја искористи технологијата во нејзините различни бизниси.

Тие гледаат на вештачката интелигенција како најмоќниот елемент што ќе го промени и забрза растот на нивните бизниси, додавајќи дека распоредувањето на вештачката интелигенција ќе ја зголеми побарувачката за компјутерска моќ, а со тоа ќе го зајакне и растот на облак бизнисот на компанијата.

„Вештачката интелигенција нема да биде закана, туку ќе отвори огромни можности како двигател за пробивно корисничко искуство и деловни модели

„Доколку не останеме во чекор со постојаните подобрувања кои ВИ ни ги покажува секојдневно, ќе заостанеме во бизнисот,” изјавуваат од компанијата

Alibaba има за цел да ги постигне своите инвестициски цели во различни операции, вклучително и е-трговија, која е една од нејзините две основни бизниси заедно со облакот.

Ова ги вклучува Taobao и Tmall Group, како и Alibaba International Digital Commerce Group. Последново бара однапред инвестиции, додека Taobao и Tmall Group, бидејќи се позрели, имаат потреба од брзи иновации.

Во секторот облак, Alibaba се стреми да биде водечки кинески провајдер на јавна облак инфраструктура, нудејќи повеќе услуги, вклучувајќи еластични пресметки, безбедност и вештачка интелигенција. Од друга страна, овој фокус на јавниот облак бара откажување од краткорочни приходи од проекти со ниска маржа.

Каде сѐ ќе инвестира Alibaba?

Планот е во следните три години во облакот на Alibaba да се креираат нови податочни центри во Јужна Кореја, Малезија и Тајланд. Покрај овие азиски земји, за прв пат треба да се создаде нов регион на облак во Мексико. Ова е дел од обемниот инвестициски план на кинескиот технолошки гигант.

Во доменот на вештачката интелигенција, Alibaba работи на својата платформа за генеративна вештачка интелигенција Model Studio. Следната цел во оваа насока е платформата да биде достапна и за меѓународни клиенти преку нејзините зони за достапност во Сингапур. Ова ќе обезбеди пристап до големиот јазичен модел Qwen.

Што е Model Studio?

Model Studio е моќна алатка во рамките на екосистемот за вештачка интелигенција и машинско учење на Alibaba Cloud. Дизајнирана е да го поедностави развојот и распоредувањето на моделите за машинско учење. Нуди низа функции кои ги задоволуваат потребите на професионалците за податоци, што го олеснува креирањето, управувањето и имплементирањето на решенија за машинско учење.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk