5 коментари 2 мин. читање

Решение за интернет неутралност? Интернетот да стане jавна услуга

Интернет неутралноста во САД нема да биде доведена во прашање. Wired во ексклузивно интервју со претседавачот на Федералната комисија за комуникација (FCC), Том Вилер, дозна дека сите провајдери на интернет услуги ќе бидат редефинирани како „транспорт“ во Title II од Законот за телекомуникации на САД.

„На моите колеги им ги предлагам најстрогите мерки за интернет заштита кои досега биле пред FCC. Прифаќањето на овие мерки ќе забранaт платено приоритизирање на интернет сообраќај или блокирање на сите законски содржини и сервиси“, вели г. Вилер.

Новите предлог мерки за прв пат до сега ќе важат и за бежичните и мобилните мрежи, а целта е правото на Интернет корисниците да го имаат каде сакаат, кога сакаат. Со предлогот се опфаќа и заштита на правата на иноваторите да креираат нови продукти без притоа да бидат потребни специјални дозволи. Предлого опфаќа и забрана на провајдерите за некои сервиси чие користење на мобилните мрежи е бесплатно, пример за ова e Facebook до кој дел од македонските провајдери нудат бесплатна посета.

Идејата зад овие предлози е да се спречат „брзите линии“, односно операторите да наплаќаат за побрз интернет сообраќај кон фаворизирани сервиси. Вака пристап до Интернетот ќе остане ист за секој, брз врска дали се големи сервиси или мал блог.

„Интернет компаниите се задоволни што г. Вилер сака да воведе строги и легална нет неутралност која има едноставни правила“, вели Мајкл Бекерман од Internet Association, која ги претставува Google, Yahoo, Facebook, Twitter, Netflix и други.

Комисијата треба да гласа за предлогот на 26 февруари, но се смета дека од пет-члената комисија единствено двајцата членови на републиканската партија ќе гласаат против новите предлог мерки.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top