0 коментари 2 мин. читање 22 мај, 2018

Alexa ќе ги освојува компјутерите

Нова победа за гласовниот асистент на Amazon со кој може да се управува паметниот дом. Лаптопите на Acer ќе пристигаат со преинсталирана Alexa. Првите модели кои ќе доаѓаат со Alexa се Spin 3 и Spin 5.

Ова е мала победа на Amazon кој ќе се обиде да го управува паметниот дом од сите уреди од кои може да се направи ова. Секако компанијата преферира ова да биде Amazon Echo, но секој уред се брои. Amazon има договори и со ASUS, HP и Lenovo за интегрирање на Alexa, во нивните компјутери, јави Thurrott.

Од Acer велат дека Alexa ќе може да се користи за гласовни команди. Пример за вклучување на музика, одговор на прашања и куп слични ситници.

Ова е интересен развој, генерално бидејќи и Microsoft со Cortana можеби ќе има интерес за истиот пазар. Cortana на Microsoft веќе е присутна на Windows 10, но корисниците не ја користат. Дали Microsoft од своето искуство можеби веќе смета дека засега нема интерес е непознато. Секако времето ќе покаже колкав ќе биде интересот за гласовните можности на Alexa.

Дали во иднина би можело да има некаков конфликт ќе биде интересно да видиме.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}