Албанската влада инвестира 8,8 милиони евра во стартапот за вештачка интелигенција на Мира Мурати

Албанската влада објави инвестиција од 8,8 милиони евра во стартапот за вештачка интелигенција Machine Thinking Lab, основан од албанската експертка за вештачка интелигенција и поранешна директорка за технологија на OpenAI, Мира Мурати.

Оваа одлука доаѓа по првиот ребаланс на државниот буџет за 2025 година. Мира Мурати е одлично познато име во областа на вештачката интелигенција. Таа беше е поранешна директорка за технологија на OpenAI. Во стартапот имаше клучна улога во развојот на некои од најпознатите AI технологии. Мурати потекнува од Албанија, што веројатно ја привлекло владина инвестиција. Вештачката интелигенција е стратешка технологија. За помала економија како Албанија, партнерството со високо профилен стартап може да обезбеди непропорционално големи придобивки.  

Средствата ќе бидат инвестирани преку Министерството за економија, култура и иновации (МЕКИ). Министерството ќе биде единствен акционер на Албанската инвестициска корпорација. Владата предложила амандман на државниот буџет за 2025 година преку нормативен акт, со краен рок 29 април 2025 година. Барањето за средства е доставено од Министерството за економија, култура и иновации до Министерството за финансии, пишува Recursive.

Image courtesy of Heute.at / CC BY 4.0

Ребалансот на буџетот волку рано по неговото носење покажува проактивен пристап и желба за рана инвестиција. Постојат неколку причини зошто албанската влада се одлучила на овој чекор. Според владиниот извештај, ова партнерство ќе послужи како силен сигнал дека Албанија е подготвена да поддржи и развива иновативни технологии. Инвестицијата е дел од пошироките стратешки технолошки инвестиции како дел од напорите за интеграција во ЕУ и економска модернизација.

Премиерот Еди Рама за прв пат откри дека Албанија ќе биде ко-финансиер на стартапот на Мурати на 15 април. Ова е дел од новата владина стратегија за економски развој преку стратешки инвестиции во приватни компании.

Рама вели дека лично ја предложил иницијативата на Мира Мурати, охрабрувајќи ја да ја вклучи Албанија во нејзината компанија. Албанската влада тврди дека инвестицијата нема да има влијание на буџетскиот дефицит и се очекува да донесе стратешки придобивки за земјата, вклучително и подобрување на позицијата на Албанија на глобалната технолошка мапа и зголемување на економскиот потенцијал. Албанија со ова презема чекор кон станување дел од глобалниот пазар на вештачка интелигенција.

Machine Thinking Lab е компанија за истражување и производи во областа на вештачката интелигенција. Нивната цел е да изградат иднина во која секој има пристап до знаење и алатки за да ја прилагоди вештачката интелигенција за своите уникатни потреби и цели.

Компанијата Thinking Machines Lab се фокусира на соработка помеѓу луѓето и вештачката интелигенција. Иако 8,8 милиони евра од Албанија се интересни во контекст на регионот, стартапот очекува инвестиција од 2 милијарди евра. Ова ќе ја донесе неговата вредност на 10 милијарди долари.

Покрај Мурати, дел од стартапот се Јифи Ванг и Алекс Гартел од Мета, Барет Зоф од Open AI и еден од креаторите на ChatGPT.  Во суштина тимот на Machine Thinking Lab е составен од искусни научници и инженери, многу од нив поранешни вработени во OpenAI, Meta и Anthropic. Ко-основачи на компанијата се Мира Мурати и Лилијан Венг.

Мисијата на Machine Thinking Lab за отворена наука и соработка меѓу луѓето и вештачката интелигенција може да претставува клучна разлика во споредба со другите AI лаборатории. Акцентот на отвореноста е спротивен со трендот на некои големи AI лаборатории кои ги чуваат своите модели и методи како деловни тајни. Ова може да привлече поголема поддршка од истражувачката заедница и да го забрза напредокот во областа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk