Активист собира средства за историјата на прелистување на Републиканците

во Свет

Претставниците од Републиканската партија неодамна им овозможија на телеком операторите да ја продаваат интернет историјата на своите корисници. Операторите можеа ова да го прават и досега, иако им беше потребна дозвола од корисниците. Новата промена овозможува ова да го прават без дозвола.

Активистот Адам Мекеланеј ќе се обиде да им покаже на сите кои гласаа “за”, зошто тоа е лоша идеја. Тој започна „crowdfunding“ кампања, а средствата ќе ги искористи за да ги купи податоците на конгресмените кои гласале “за”. Досега за кампањата донираа 6,753 поддржувачи, а вкупната сума е околу 99.000 долари.

„Верувам дека интернет историјата треба да биде приватна, верувам дека интернетот треба да биде неутрален. Собирам пари за да ја обезбедам оваа слобода. Се надевам дека со овие средства ќе успееме да го вратиме нашето право на приватност“, вели г. Мекеланеј.

Сепак ова нема да биде едноставно. Операторите ги собираат овие податоци на куп. Дополнително, истите немаат никаква обврска да ги продадат податоците на специфични корисници. Конечно, операторот ќе сноси одговорност за сите проблеми кои можат да бидат предизвикани од споделување на податоците.

Ако успехот на оваа иницијатива е помалку сомнителен, веб-страницата Internet Noise инвентивно ги крие податоците на корисниците. Страницата автоматски отвора други веб-страници кои корисникот најчесто и не го интересираат. Изборот на страниците се добива од листа на пребарувањата на Google. Ова нема да ги скрие страниците кои ги отвора корисникот, но ќе ги загуши во куповите лажно отворени страници, објасни Wired.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments