Праќајте чувствителни документи на безбеден начин, со Whisply

Секој пат кога е потребно да пратите документи од чувствителна природа, како лични податоци, детали од вашата сметка во банка или некои други финансиски извештаи, можеби и не е лошо дополнително да ги заштитите, за да таквите податоци не би паднале во погрешни раце. Whisply е бесплатна услуга која ниту бара регистрација, ниту инсталирање програми, а сепак нуди одлични можности за дополнителна заштита при испраќање на документите. Сајтот врши трансфер на податоци од Dropbox, Google Drive или One Drive, но ги заштитува така што прво ги криптира, а потоа праќа линк за преземање и PIN или лозинка за нивно отклучување. На пример, документот го праќате преку имејл, а PIN-от за негово отклучување преку SMS порака. На тој начин до пристап на документот имате само вие и лицата до кои ќе го пратите, заедно со PIN-от, односно лозинката.

Она што ние би ве советувале во ситуации на праќање повеќе документи, e да ги ставите документите во фолдер, а потоа да ги зипувате (десен клик на фолдерот на документите, па Send to, па Compressed folder). Потоа, изберете го фолдерот преку прозорецот на сајтот и дозволете им на документите првин да се криптираат, а потоа и постават на еден од трите сервиси за cloud складирање (за ова потребно ви е претходно креиран акаунт за некој од сервисите). Почекајте петнаесетина секунди за да се појави копчето Proceed и откако ќе кликнете на него, следниот прозорец ве информира дека имате само 12 часа за споделување на фајловите, со можност за повеќекратно преземање во таа временска рамка. За поразлично играње со овие опции потребно е да платите, но таквата инвестиција се чини непотребна затоа што заклучените поставки се повеќе од фер. Прозорецот што следи ви дозволува да одберете три начини за безбедно праќање на фајловите, односно да пратите само линк, линк и PIN или линк и лозинка.

Наредниот чекор е да изберете дали да се прати линкот за преземање на документот преку email, SMS, или пак само да се копира во меморијата. Потоа се прави истото и за генерираниот PIN или креираната лозинка. Во зависност од избраното, го испраќате приложеното и уживате во сознанието дека документите се пратени со дополнително ниво на безбедност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
2тр1
2тр1
9 years ago

Чувствителни документи :D