Активирајте Dark Mode во Windows 10

Dark Mode знае да биде исклучително корисна опција за работа во доцните часови. Нема ништо лошо во стандардните бели прикази, но сè повеќе апликации овозможуваат и темни прикази за нивните апликации, односно прикажување темна површина со бел текст. Таквиот Dark Mode е осмислен помалку да ги оптоварува очите навечер. Dark Mode е дел од Windows 10. До октомвриското надополнување, темниот режим беше ограничен само на Settings и неколку други апликации, но сега, поддршката е значително проширена и се простира низ многу повеќе апликации, како и самиот Windows Explorer.

За да го активирате, отворете Settings така што ќе ја притиснете комбинацијата од копчињата Windows и i, кликнете на Personalization, па Colors. Во Choose your default app mode, изберете Dark.

Како што напоменавме, не работи секаде, но бројот на поддржаните апликации постојано расте. Во таквото нешто ќе се уверите и доколку пробате да вклучите News, Calendar, Mail, Store, Weather, или People.

Имајте во предвид дека, доколку ги направите ваквите промени, темниот режим ќе биде активен независно од тоа дали е ден, или ноќ. Во случај да сакате автоматски да се вклучува Dark Mode само во ноќните часови, би можеле да ја инсталирате апликацијата Windows Auto-Night Mode, достапна на GitHub. Со оваа алатка, можете да поставите, пример, стандардниот, светол режим да биде од 07:00 до 18:00 часот, а Dark Mode да се активира во часовите надвор од тие.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments