Податоци на над 218 милиони играчи на Words with Friends од Zynga се украдени. Zynga го објави нападот во средината на септември, но тогаш без податок за обемот. Украдени се податоци на сите играчи кои направиле профил пред 2 септември оваа година.
Дел од податоците кои се украдени се: електронска пошта, login, хаширани лозинки, токени за ресетирање на лозинки, телефонски броеви, Facebook ID и Zynga ID, вели Next Web. Податоците кои се украдени се однесуваат и на Android и на iOS играчите.
Она што веројатно е и пострашно е дека овие податоци веќе се појавија на „скриениот интернет“ (Dark Web), пренесе Hacker News. Податоците ги подава пакистанскиот хакер со псевдоним „Gnosticplayers“. Хакерот кој ги продава овие податоци тврди дека има украдени податоци и од Draw Something и OMGPOP, иако оваа вест не е потврдена од Zynga. Gnosticplayers продава куп на податоци со над 747 милиони профили, дел се од Words with Friends, но дел се од претходни хакирања на Dubsmash, MyFitnessPal, 500px, CoffeeMeetsBagel, Houzz, и Ixigo.
Девелоперот веќе започна со испраќање на известувања до корисниците чија безбедност е зафатена.
Ако некогаш сте ја играле „Words with Friends“ веднаш променете ја лозинката. Ако истата комбинација на имејл адреса и лозинка ја користите на уште некое место променете ја и таму.