Airbnb – компанијата која го измени изнајмувањето на недвижности

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Свет

На крајот на март веројатно немаше поголема вест за Македонија од онаа дека Вања Јосифовски е новиот технички директор во Airbnb.

„Airbnb е извонредна компанија. Ова е компанија која има можност да го промени светот на подобро. Компанија која е многу амбициозна. Можностите се бесконечни за она што Airbnb може да го направи за патувањето, но и многу повеќе од тоа“, тогаш изјави г. Јосифовски.

Овие пофалби секако не се неосновани имајќи предвид што сè има направено Airbnb во секторите кои барем малку се допираат со нивниот. Иако е под постојани притисоци од хотелиерите, но веќе често и од дел од градските власти, Airbnb останува една од највлијателните нови компании.

Кои се Airbnb?

Веројатно ниту една компанија никогаш не го променила изнајмувањето на станови, куќи и секакви различни локации како што тоа го прави Airbnb. Стартапот значително влијаеше во неколку сектори, иако најмногу на изнајмувањето на станови, хотелиерството и на туризмот.

Идејата која го направи она што Airbnb е денес е едноставна, платформата им помага на огласувачите на станови од целиот свет да пронајдат локација за престој кога им е потребна.

Сѐ започнало поради тоа што двајцата основачи Брајaн Чески и Џо Гебиа не можеле да си ја дозволат високата цена на киријата. Поради ова во дневната соба во станот во кој живееле додавале душеци кои се дуваат, а собата ја претвориле во „кревет и појадок“. За само 1 викенд заработиле 1 000 долари и така некако се родила идејата за платформи за споделување.

Наскоро им се приклучил и Нејтан Блечарзик кој стана Директор на технолошки развој. Името на компанијата која ја основале било „AirBed & Breakfast“ и на 11 август 2008 година официјално е отворен Airbedandbreakfast.com.

Набрзо стартапот го забележа Пол Грахам, кој ги повикал во Y-Combinator. Во замена за мал удел во компанијата, основачите на Airbnb добиле тренинг и 20 000 долари. Следната година решиле да го скусат името и од Airbedandbreakfast остана сегашното име Airbnb.  Истата година стигнала и првата поголема инвестиција; 600 000 долари од Sequoia Capital.

Со вистинска работа компанијта започна во 2010 гоидна. Airbnb објави дека имаат 700 000 ноќевања, најголем дел од нив – 80%, во последните 6 месеци. Очекувано следеа и 1 000 000 ноќевања. Од јануари 2011 до февруари 2012 година бројот на ноќевања рипна од 1 милион на 5 милиони. Таа година, по поголема инвестиција во бордот на Airbnb влезе и актерот Аштон Качер, а и за првпат инвестираа надвор од САД. Airbnb го купи конкурентот од Германија Accoleo, и ги отворија првите канцеларии надвор од САД, во Хамбург. Веќе во следните 5 месеци оваа бројка се удвои и во јуни 2012 година Airbnb објави дека на платформата се остварени 10 милиони ноќевања.

Она што беше поимпресивно во 2012 година е глобалниот раст на компанијата. Дури 75% од локациите и ноќевањата беа надвор од  САД.

Секако со растот на компанијата започнаа и поголеми проблеми. Во 2016 година за првпат Airbnb се најде пред сенатот на САД. Расправата беше едноставна, како краткотрајното изнајмување на станови кое го нуди Airbnb влијае врз цената на домување. Истата година властите во Њујорк ја казнија компанијата за нарушување на локалните закони за домување.

Сепак Airbnb неколку пати и помогнал на заедницата. По катастрофата со ураганот Сенди, компанијата инвестираше во изградба на привремени објекти за луѓето кои во ураганот ги изгубија домовите.

Во 2017 година откако претседателот Доналд Трамп го донесе контроверзниот закон со кој им забрани на дел од бегалците влез во САД, Airbnb им излезе во пресрет на бегалците. Компанијата обезбеди бесплатен престој за сите кои не можеа да влезат во САД.

Што се случува денес?

Компанијата често е мета на тужби и проверки. Ова најчесто е во градовите ко не дозволуваат изнајмување на становите на кус временски период. Сепак компанијата се проценува на стоици милијарди долари. Оваа година на берза ќе излезе Uber, компанијата е проценета на 120 милијарди долари, а коментарите се дека Airbnb вреди и повеќе од ова. Секако ова тврдење не е без основа.

„Uber има неверојатно снабдување, но со 50 милиони долари, вие и јас можевме да започнеме со услуга за возење во Вашингтон. Можеме да создадеме локална побарувачка и локална понуда. Airbnb мора да има глобална побарувачка, ако доаѓате од Oстин, Тексас, тоа значи дека не сте таму. Ако сте од Копенхаген, не ви треба да имате Airbnb во Копенхаген. Uber може да има регионални конкуренти насекаде. Почнуваме да го гледаме ова со Didi во Кина“, вели Скот Галовеј за Recode.

Иако засега сè уште се без официјална најава, веројатно компанија полека се подготвува за излегување за берза. Сепак пред да го направат овој чекор можеби сакаат да решат дел од прашањата кои можеби се полесни за затворање. Чекор во оваа насока е објавата дека се надминати проблемите на Западниот Брег. Неодамна компанијата најави дека ќе ги повлече сите „огласи“ од овој регион. Компанијата го промени својот став и одлучи дека ќе остави листинзите да продолжат да постојат и дополнително најави дека сите средства кои ќе ги заработат од овој регион ќе одат во добротворни цели за луѓето во различни делови од светот.

Неофицијално на 30 мај 2018 година, основачот на Airbnb, Брајан Чески, најави дека следната година (2019) можеби ќе бидат подготвени за излегување на берза.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Singular

Team Lead

Digilink Konsalting

Java Script Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk