0 коментари 2 мин. читање 8 август, 2018

Advance е екстензија од Firefox со која ќе пронајдете нови и интересни сајтови

Advance е екстензија од дел Firefox „експериметните“ која на корисниците им промага да пронајдат сајтови кои ќе им се допаѓаат.

Екстензијата е направена како соработка помеѓу Laserlike и Mozilla. Целта со екстензијата да им се помогне на оние корисници кои сурфајќи на интеренет постојано завршуваат на исти страници. Наместо ова, екстензијата малку ќе ги „замеша“ работите и ќе ви покаже и поинаква содржина.

Како функционира Advance?

Екстензијата најпрво ја анализира содржина која корисникот ја разгледува во моментов. Врз база на ова и на интересите (recent history), екстензијата ни прикажува содржина која можеби ќе не интересира.

Дополнително, екстензијата отвора сајдбар на кој стои оваа содржина. Во прикажаните резултати нема спонзорирана содржина, туку едноставо се прикажуваат најрелевантните резултати. Секако операциите со „recent history“ се чувствителна содржина, па Laserlike и Mozilla им објаснуваат на корисниците дека и IP-адресата и историјата ќе им бидат пратени на Laserlike.

Екстензијата е бесплатно достапна за сите учесници во Test Pilot Firefox програмата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top