Излезе новиот Android 9 Pie

Новата 9 верзија на Android официјално го доби името „Pie“. За изненадувањето да биде уште поголемо, оперативниот систем е достапен веднаш. Секако ова доаѓа со „ама“, а тоа е дека доаѓа единствено за сопствениците на Pixel, и Essential телефоните.

Покрај Pixel и Essential PH‑1 оперативниот систем во тест фазата беше достапен и за: Sony Xperia XZ2, Xiaomi Mi Mix 2S, Nokia 7 Plus, Oppo R15 Pro, Vivo X21 и OnePlus 6. Овие телефони може да очекуваат надградба наскоро. Останатите ќе почекаат барем неколку месеци.

Вообичаено, надградбата ќе биде достапна бесплатно за сите уреди на кои ќе ја поддржуваат. За жал, исто вообичаено, без сомневање производителите ќе доцнат со надградбите на оперативниот систем на останатите уреди.

Овој пат најголемата надградба на оперативниот систем е вештачката интелигенција. Доаѓа насекаде, од претпоставки и презентација на она што можеби го барате во моментот, па сѐ до сугестии дека некоја содржина е поприлагодена за другата ориентација на дисплејот.

Вештачката интелигенција се користи и за оптимизација на работата на телефонот, а со тоа и на „траењето“ на батеријата помеѓу полнењата.

Најверојатно најголемата промена која може да се забележи е новата навигација. Поточно на долниот дел од екранот сега е забележлива лента и „pill“ која покажува каде сте со навигацијата.

Дел од надградбите и функционалностите на новиот оперативен систем нема да бидат функционални до есен. Пример е AppSlices, функционалност која на корисникот ќе му помогне за полесно да се снајде со апликациите. На пример, ако во апликациите бара Lyft ќе добие сугестија за превоз до дома или до работа со цена за превозот.

Дополнително, новиот оперативен систем доаѓа со неколку освежувања кои треба да го намалат времето поминато на уредот, а истовремено и да го направат поквалитетно. Овие прoмени со часовник/тајмер кој покажува колку време корисникот поминува на телефонот ќе бидат достапни подоцна.

Интересно ќе биде да се види и кога ќе дојде надградбата на оперативниот систем за Android One уредите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments