0 коментари 2 мин. читање 24 август, 2017

AccuWeather собира податоци за локација на корисниците

Една од најпопуларните апликации за временска прогноза, AccuWeather собира податоци за локација на совоите корисници. Апликацијата ги собирала податоците дури и кога корисникот не прифатил да ги споделува истите.

IOS верзијата на апликацијата ги испраќала имињата на Wi-Fi рутерите и BSSIDs до Reveal Mobile, јави Register. Сетот податоци кои ги испраќале се доволни да се открие локацијaта на корисникот. Помалку важно е што за разлика од GPS податоците, локацијата е помалку прецизна кога се одредува со овие податоци.

„И покрај тоа што има различни приказни од извори кои немаат реални податоци, ако корисникот не се согласи да ја сподели локацијата на AccuWeather, не ги собираме GPS координатите.

Другите податоци, како податоците за Wi-Fi мрежата кои не се кориснички податок беа на кратко достапни на SDK Reveal, но AccuWeather не ги користи. Всушност, не ни знаевме дека податоците ни се на располагање. Нема поента да ги користиме овие податоци за било што“, вели претставникот на AccuWeather.

Развивачот вети дека ќе ги отстрани овие податоци во иднина. Последната верзија на апликацијата не ги споделува овие податоци, јави BBC.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top