Academic Torrents е торент сајт за легално споделување на истражувања и податоци

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Група истражувачи од Универзитетот Масачусетс креираa торент сајт кој ќе им овозможи на академиците да ги споделуваат податоците од своитe истражувања и базите на податоци. Целта на Academic Torrents е да овозможи доверлива и децентрализирана платформа за споделување на податоците кои ќе може да се споделат со светот. Во моментов сајтот сподлува 1,67 терабајти податоци со корисниците, помеѓу кои мапа на Марс од NASA и копија на Wikipedia. Сепак страната преупредува дека нема да споделува торенти чии содржини се заштитени со авторски права

Основачи на Academic Torrents се Џозеф Коен и Хенри Ло, докторанти на Универзитетот Масачусетс, а целта им е да обезбедат евтин и децентрализиран сервис за споделување на податоци. Покрај ова сајтот подржува „колекции“ во кои може да се групираат торентите според интерес, автор, извор и слично. Преку RSS корисниците автоматски се известуваат секој пат кога нови содржини се додаваат во колекциите кои ги следат.

„Споделувањето на податоци е тешко. Електронската пошта има лимит на големината на фајловите а поставувањето сервери е премногу работа. Диајниравме систем за споделување на огромни бази на податоци – за истражувачи од истражувачи. Резултатот е складиште аз податоци кое е скалабилно, безбедно и толерантно на грешки, со супер брзина за преземање.“, велат основачите за TorrentFreak.

[youtube]ZYXALE7pdWE[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk