Ерик Нелсон е професор по општествени науки кој не се плаши да го унапреди образованието преку гејмификација. За потребите на својот предмет тој ја креираше играта Fantasy Geopolitics, игра која е базирана на Fantasy Sports игрите кои се со едноставни правила, но се корисни и креативни. Fantasy Geopolitics е игра со географија во која учесниците бираат 3 држави кои ќе учествуваат во нивниот тим (со исклучок на САД и Кина поради нивната доминација во вестите), а понатаму поените ги добиваат секој пат кога државата од нивниот тим ќе биде спомената во вестите. Поените се пресметуваат со помош на апликација креирана со API-то на New York Times Times, а за секое спомнување на државата учесниците добиваат по еден поен.
Иако на почетокот идејата на г. Нелсон била прифатена со скептицизам, наскоро учениците ја прифатиле и почнале да бараат повеќе.
„Го гејмифицирам учењето. Ги гејмифицирам и вестите за да ги натерам да се заинтереситаат, за да не гледдат на читањето вести како некоја тешка задача“, вели г.Нелсон за Mashable.
Во моментов г. Нелсон работи на нова верзија на Fantasy Geopolitics и собира средства за играта на KickStarter. Проектот веќе ги собра потребните средства, а Fantasy Geopolitics веќе е дел и на 4.0 Schools проектот.
[youtube]2G_2qhjGGGw[/youtube]