0 коментари 2 мин. читање

Facebook цензурира страни на критичарите на Владимир Путин

Facebook на барање на руските власти, ја отстрани страната на која се организираа протести во организација на Алекс Навални, најголемиот критичар на Владимир Путин. Страната е блокирана на барање на Роскомнадзор, односно Федерална служба за надзор на комуникација, информациски технологии и медиуми, јави Washington Post.

„Изненадени сме од брзината со која Facebook одлучи потврдно да одговори на барањето на Роскомнадзор, без притоа да ги консултира организаторите на настанот“, вели Кира Јармуш, портпатол на г. Навални за Bloomberg.

Потегот на друштвената мрежа е разочарувачки за поддржувачите на протестите, иако во Русија, Facebook има едвај 10 милиони корисници. За жал претходно повикот на г. Навални беше отстранет и од најголемата руска мрежа – ВКонтакте. Основачот на оваа друштвена мрежа Павел Дуров, кој и самиот е жртва на режимот, кој побара од друштвената мрежа да престане со помагање на цензурата.

Организаторот на протестите Алекс Навални е обвинет за измама, а на 15 јануари ќе му биде изречена пресудата. За овој судски процес тој тврди дека е монтиран поради неговата одлучност да го разобличи недемократскиот режим на г. Путин. Ова не е прв пат, а најверојатно нема да биде ни последен, Русија да биде обвинета за цензура и за ограничување на пристапот на интернет. Дури и на аквизицијата на двете најголеми друштвени мрежи ВКонтакте, Одноклассники од Mail.ru се гледа како на обид за контрола на информациите кои пристигаат до граѓаните.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top