„Оваа година, едно од најважните нешта за нас е категоријата на паметните уреди, каде ќе понудиме Windows 7 базирани таблет PC-ja. Ова е неверојатно важно за нас.“ рече г-дин. Балмер на конференцијата на Microsoft.
Toj не спомена за спецификациите и деталите на уредите, но земајќи ги в обзир различните производители, може само да се претпостави дека сите ќе бидат различни уреди но со еден оперативен систем – Windows 7. Пример, на неодамнешната Computex конференција се претставија два Windows 7 модели. Првиот е Аsus Eee Pad (сликата погоре), а вториот Toshiba Libretto W100, кој е првиот лаптоп со два монитори на допир.
Нормално, со ваков потег Apple-овиот iPаd ќе добие малку посериозна конкуренција. iPаd беше објавен во април минатата година и до сега се продадоа околу 2 милиони уреди.
Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.