{mosimage}Понекогаш кога ќе отидете на некој видео сервис да погледнете некое видео ја добивате пораката „Оваа видео не е достапно во вашата земја“. Пример, отидете на YouTube и прабајте да погледнете официјален спот или видео од Beyonce. Нема да можете бидејќи има „рестрикции поради години или локација“.
Една од причините зошто не можете да го погледнете видеото на Beyonce се законите на таа држава, лиценците и дистрибуцијата на тој материјал, како и надоместокот што се плаќа, главно по барање на музичката компанија, во овој случак Columbia Records која стои зад Beyonce.
{mosimage}
Но постои и економската причина зошто одредени сервиси се лимитрани само за некои земји. Неодамна Last.fm популарно онлајн радио најави дека ќе започне да наплаќа месечна членарина од интернационалните корисници, но ќе биде бесплатно за корисниците од САД, Британија и Германија. Причината е профитот од рекламите, кој го има во трите наведени земји, но е 0 или мал во останатите.
Не се работи за алчноста на компаниите, туку се работи за трошоците. Еден од тие трошоци е bandwidth, количеството на пренесени информации онлајн, за кој компаниите плаќаат со купување на нови сервери за да овозможат содржината да биде достапна.
„Верувам во отворена. бесплатна комуникација. но овие луѓе се гладни за содржина. Тие седат и гледаат и гледаат и гледаат. Проблемот е што тие ни го јадат bandwidth-от, и ни е многу тешко да извлечеме профит од тоа“ изјави Дмитри Шапиро од Veoh.com за the New York Times. Veoh е видео сајт кој ја блокираше својата содржина за корисниците на Африка, Источна Европа и Азија.
{mosimage}
Истото го мисли и Михеланџело Волпи, директорот на Joost, видео сајт кој има половина од вкупните корисници кои се надвор од САД.
„Ова е проблем за секоја интернет компанија. Кога имате голем број корисници кои генерираат материјал, вашиот bandwidth се искористува во Азија, Средниот Исток, Латинска Америка, каде bandwidht-от e скап а рекламите се ефтини. Ако компаниите сакаат да направат пари тие ќе ги изгасат овие земји“ рече г-дин. Волпи од Joost за the New York Times.
Но, што можат да направат сервисите сега кога половина и повеќе од нивни корисници се интернационална публика. Меѓу нив се и друштвените мрежи како Facebook, МySpace, YouTube…
Moжеби MySpace го има одговорот. Тие ќе понудат Lite профил, односно профил со поедноставен дизајн и помалку опции и сервиси за своите интернационални корисници кои им го трошат bandwidth-от, а не им прават профит. Слично размислуваат и Facebook и YouTube.
„Одлучивме, или земја по земја или корисник по корисник, да го дизајнираме квалитетот на сервисот што ќе соодвествува со корисниците“ рече Џонатан Хеилингер од Facebook.
Според YouTube, иако се уште сакаат да го одржуваат истиот сервис за сите корисниците, сепак може да наместо подобар квалитет, видеата во некои земји да бидат со понизок.
Тоа значи дека во различни делови од светот, може да имаме неколку различни интернетeти, односно internets. Џорџ Буш знаеше што не очекува. :)