{mosimage}Британија се најде на суд тужена од ЕУ за вмешаноста и подржувањето на тестирањата на Phorm таргетираните реклами. Сите организации за приватноста се побунија, медиумите пишуваа за и против Phorm рекламите кои се потенцијално ризични за приватноста на корисниците. Сега изгледа дојде ред на Phorm маркетинг агенцијата да им врати на сите за критиките.
Директорот на Phorm, Кент Ертугрул, објави сајт Stop Phoul Play каде отворено ги нападна сите кои „оставаат дамка“ на таргетираните реклами.
„Преку целата ланска година Phorm беше предмет на мрачна кампања оркестрирана од мала, но упорна група на онлајн „пирати на приватноста“. Нивното енергетско блогирање и пишување писма, таргетирани кон новинари, парламентарци, ЕУ службеници и регулатори, ја искривува вистината и погрешно ја опишува технологијата на Phorm“ пишува на Stop Phoul Play.
На сајтот г-дин. Ертугрул ги постира сите, според него невистини напишани и објавени за Phorm по медиумите, и потоа ја пишува „вистината и фактите“ за тие невистини.
{mosimage}
Тој пишува и за случајот каде ЕУ ја тужи Британија поради Phorm, каде наведува дека таа тужба нема никаква врска со Phorm или барем не е директно повржана со Phorm.
Но, BBC објави е-маилови меѓу маркетинг компанијата и британските власти. Преписката меѓу властите и Phorm датира уште од 2007 година и од нив се гледа дека Phorm барале информација за легалноста на нивната технологија, а постојат и неколку е-маилови кои сугерираат дека властите знаеле за тајните тестирања без согласност на корисниците.






