1 коментар 1 мин. читање

Како полесно да пребарувате дела со Creative Commons лиценца

За таа намена интернет пребарувачи Google и Yahoo имаат додадено опција за пребарување дела само со CC лиценци. Тие опции ќе ги најдете во Advanced Search на двата пребарувачи. Но проблем е што тие опции ќе мора да ги сетирате постојано при секое пребарување.

Затоа Creative Commons има решение. Тие имаат свој пребарувач, кој ги користи податоците од Google, Yahoo, Wikimedia, Blip.tv. Flickr… за да пребарува дела со лиценци. CC пребарувачот има само две опции: да пребарува дела кои се достапни за комерцијално користење и да пребарува дела кои имаат дозвола да се модифицираат, адаптираат и да се изработуваат.

Creative Commons предупредуваат дека нивниот пребарувач е само рамка која по зададено ги користи напредните опции за пребарување на сервисите, па бидејќи немаат контрола врз резултатите секое дело би требало повторно да се провери за лиценците за да се биде сигурен.

Во секој случај вака барем е полегално и секако по фер користењето и споделувањето на авторски дела.

(via Дарко Стојковски)

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top