Black Friday + Cyber Monday 2026

0 коментари 2 мин. читање

Black Friday е периодот кога сите чекаме и бараме добри зделки, а на форумот се прават анализи дали попустите се навистина попусти. :)

Ние годинава имаме понуда со прилично едноставна математика.

Од денес до Cyber Monday (30 ноември), со секое ново или обновено IT.mk PRO членство добиваш купон од 588 денари за на IT.mk/market.

Со други зборови, целосниот износ на годишното PRO членство ти го враќаме во форма на купон!

Како до купонот?

  • Активирај го или обнови го твоето IT.mk PRO членство.
  • Добиј купон во вредност од 588 денари.
  • Искористи го за нарачка над 1.000 денари на IT.mk/market, во рок од 10 дена.

Со над 3.000 производи на IT.mk/market, од хардверски компоненти и периферија до паметни уреди и опрема за домот, сигурно ќе најдеш нешто што ти треба сега.

Што добиваш со IT.mk PRO?

  • Ексклузивни попусти на IT.mk/market;
  • Верификуван профил;
  • Три огласи месечно во ИТ огласникот;
  • PRO беџ на твојот профил.

Но, PRO членството е и начин директно да го поддржиш развојот на најголемата македонска ИТ заедница, која денес брои над 38.000 членови и повеќе од еден милион споделени мислења.

Услови на понудата

  • Понудата важи од 27 до 30 ноември 2026 година до 23:59 часот, за нови и обновени PRO членства.
  • Купонот е еднократен и е поврзан со твојот кориснички профил.
  • Минималната вредност на нарачката е над 1.000 денари.
  • Купонот важи 10 дена од добивањето.
  • Не може да се комбинира со други попусти.
  • По искористување на купонот не е возможно рефундирање на членството.

Искористи ја Black Friday понудата!

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Дискусија

Уште никој не искоментирал на темава, биди прв...

Мени
Заедница
Изглед