0 коментари 1 мин. читање

Реално шоу ќе го враќа MySpace во игра

{mosimage}MySpace како дел од стратегијата за јакнење на својата позиција кај друштвените мрежи се одлучи на еден многу интересен потег. Се работи за веб-базирано реално шоу кое на корисниците ќе им овозможи да одлучуваат за судниот ден на избраните двојки.
Married on MySpace” или „Венчани на MySpace“ е проект кој ќе започне со избирање на двојки кои сакаат да се венчат во оваа реално шоу од страна на корисниците.

Исто така корисниците по пат на гласање ќе одлучуваат и за сите детали од процесот на венчавањето и тоа, каде двојката ќе ја прослави својата моминска/ергенска забава, како ќе бидат облечени па дури и каде ќе се одржи главната церемонија. Пријавувањето на двојките се врши со качување на видео од чинот на запросување и трае до 17 Април.

{mosimage}

Зад целиот проект ќе застане екипата на Endemol која стои позади големи формати од овој тип како Big Brother, Deal or No Deal и други, додека целото шоу ќе се случува во 13 продолженија.

Во продолжениe погледнете го трејлерот за веб серијалот:



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top