1 коментар 2 мин. читање 7 ноември, 2014

Марк Закерберг објасни зошто го наметна Facebook Messenger како посебна апликација

Според нас, и многу корисници, одделување на Facebook Messenger од оригиналната Facebook апликација само направи проблем да мора да користиме две различни апликации за една друштвена мрежа. Но, според основачот на Facebook, Марк Закерберг, двете различни апликации нудат „подобро искуство“. Во сесијата со прашања и одговори со корисниците на мрежата, Закерберг објасни дека преку Messenger се праќаат 10 милијарди апликации дневно, што го продолжува времето на лоадирање на пораките доколку е поврзана се оригиналната апликација со која ги читаме вестите од News Feed-от.

„Тоа што баравме да инсталирате посебна апликација можеби е проблем за кратко време, но ако сакавме да се фокусираме на корисничкото искуство, тогаш требаше да креираме посебно и фокусирано искуство“, вели Закерберг. „Сакаме Messenger да биде брз и пофокусиран, и откривме дека ако го користите, вие одговарате на пораките побрзо“.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
.
.
11 years ago

Пoсaкувaм oвaa присилбa ќе јa имa судбинaтa нa google plus.

Мени
Заедница
Изглед
To top