0 коментари 2 мин. читање 31 октомври, 2014

Апликација на денот: Со Аbout.me Intro ќе си направите дигитална визит картичка

Хостинг сајтот About.me сака да ги редифинира визит картичките. Наместо само да си креирате сајт кој ќе ве претставува вас, и ќе служи како ваше резиме, About.me сака да ви понуди и можност да си креирате и размените визит картичка. Идејата е наместо да добивате пораки од непознати контакти, да може да добиете порака од човек кој ќе ви подари и визитка со основните информации за контакт, како што би направиле и во офлајн светот.

Со новата апликација Intro (засега единствено на iOS), со чија помош може едноставно да се разменуваат визит-картичките. За разменување на контактите е потребни креирање на профил на About.me, а потоа едноставно со помош на апликацијата можете да ги испраќате имејл адресата и телефонскиот број, на било кој контакт од телефонот или имејл адреса. Засега има само iOS апликација, но се чини дека доколку About.me се сериозни во својот обид за редифинирање на визит-картичките наскоро ќе мора да ги додадат и останатите платформи.

[youtube]QO4C_TkvbFM[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top