0 коментари 2 мин. читање 31 октомври, 2014

Wikipedia работи да биде подобра за мобилните корисници

Wikipedia прави сериозни напори да се редифинира како мобилна платформа. Најголем дел од парите кои ги има енциклопедијата се инвестираат во прилагодување за мобилните платформи, вели Лила Третиков на Code/Mobile конференцијата.

Потврда за префрлање на мобилната платформа доаѓа од САД и од Европа каде бројот на корисници кој пристапуваат од мобилна платформа не само што е во постојан пораст тука сека е поголем од пристапот од десктоп и лаптоп компјутерите. Сепак Wikipedia не е фокусирана единствено на корисниците од западните држави. Најпопуларната интернет енциклопедија работи на креирање на договори со провајдерите во Азија и пазарите во развој со кој податоците од Wikipediа ќе бидат бесплатни за корисниците од овие региони.

Како што раснат посетите од мобилните телефони, така ќе се случува и промена во едитирањето на Wikipedia,вели г-ѓа. Третиков. Корисниците преку мобилен сакаат брзи информации, и затоа текстовите на енциклопедијата ќе треба да бидат пократки, но и попрецизни.

Популарната енциколопедија е петти најпосетуван сајт на Интернет, но успева да остане на врвот бидејќи ги одржува целите: сајтот мора да биде бесплатен, а податоците мора да бидат точни, сеопфатни и објективни. Ова во последниот период е поголем проблем бидејќи бројот на корисници кои допринесуват е во опаѓање, додека бројот на вработени порасна од 120 на 220 во последната година. Затоа Wikimedia очекува во 2014 година да соберат 60 милиони долари од донации за да го оддржат сајтот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top