0 коментари 1 мин. читање

Програмерите треба да прават апликации за пазарите во развој, како Турција, Бразил и Индија

Бразил, Индонезија, Мексико, Турција и Индија се новите локации на кој треба да се концентрирате доколку сте развивач на мобилни апликации, вели анализата на App Annie.

Според аналитичарите порастот е предизвикан од намалувањето на цената на паметните телефони и таблет компјутери кои сега се попристани до корисниците. Споменатите држави имаат голем број на жители, па не изнадува огромниот пораст во преземања на апликации. Бразил е на првото место по пораст на преземање апликации со 100 отсто пораст на преземањето, а по него следат Индонезија со 70 отсто, Мексико и Турција со 60 и Индија со 30 отсто пораст во преземањето на апликации. Инаку што се однесува до најголем растечки пазар, Кина сè уште го има приматот по бројот на преземања.

Што се однесува до најголемите продавници за апликации App Store и Google Play, нема ништо ново. Google Play е во „водство“ пред App Store кога е во прашање преземањето на апликации, но кога е во прашањето заработката од овие апликации, Google Play e зад App Store.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top