3 коментари 2 мин. читање 28 октомври, 2014

Илон Маск вели дека вештачката интелигенција е најголемата опасност за човештвото

Откако предупреди дека мора што е можно побрзо да направиме одржлива колонија на Марс со милион жители, Илон Маск сега предупредува за опасностите кои доаѓаат од вештачката интелегенција.

Oсновачот на SpaceX и директор на Tesla Motors, во интервју на MIT AeroAstro Centennial Symposium, вели дека вештачката интелегенција е најголемата опасност за егзистенција. Имајте во предвид дека г. Маск зборува за вештачка интелегенција поразвиена и поинтелегентна од HAL 9000, вештачката интелегенција од 2001 A Space Odyssey.

„Мислам дека мора да бидеме многу претпазливи со вештачката интелегенција. Доколку морам да погодувам која најголемата опасност за егзистенцијата тогаш, ќе го изберев ова“, вели г. Маск. „Се поубеден сум дека треба да постои регулатор кој ќе ја надгледува работата, можеби на национални или меѓународни ниво, само за да бидеме безбедни дека нема да направиме нешто глупаво. Со вештачката интелегенција повикуваме демони. Ги знаете оние приказни, човек со пентаграм и света вода, мисли – Да сигурен е дека може да го контролира демонот? Тоа не зaвршува добро“.

[youtube]Be8Gbqdox68[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Стеван Трајкоски
Стеван Трајкоски
11 years ago

Илон Маск е претприемач што инвестира во неколку различни бизниси и постојано дава вакви „бомбастични“ изјави. Мислам дека единствената цел е да си направи бесплатна реклама. Инаку секој што барем малку го прати развојот на вештачката интелегенција во последниве 20-30 години знаее дека обидите за развој на вештачка интелегенција која би имала самосвест и би била слична на луѓето се напуштени. Целиот развој е префрлен на алгоритми што „учат“ од голема количина на податоци.

Мени
Заедница
Изглед
To top