14 коментари 2 мин. читање

Анти-вувузела мерки

Пред да продолжиме со текстот за филтрирање на вувузелата, за сите оние кои не го следат првенството или гледаат ТВ со намален звук и не знаат каков е звукот на вувузелата, еве една симулација:

Го објаснивме проблемот. Да преминеме на решенијата… :)

Филтрирање на вувузели со Fedora


Со следново решение, објавено од Felix’ Blog, ќе можете да го поврзете звукот од вашиот ТВ или кабелски/сателитски приемник како аудио во вашиот компјутер и да го слушате натпреварот без звукот на вувузелите. Процесот е објаснет со слики и треба само внимателно да се проследи, делува едноставно…

Филтрирање на вувузели на вашиот ТВ


Вувузелата доаѓа во неколку различни големини и секој модел произведува различен звук (сите се досадни и монотони!). Најкористената вувузела на стадионите во Јужна Африка е со големина од 58 центиметри и произведува нота B♭3 (si bémol), со тоа просечната фреквенција на тонот изнесува 466.164 Hz. Знаејќи го ова, со мало подесување на стабилизаторот на звук на вашиот телевизор (намалете ја фреквенцијата 233 или 300 или која и да е најблиску до 300) ќе можете да уживате во фин натпревар.

Еве пример како треба да се подесат опциите на Samsung телевизор:

Анти вувузела mp3


Звук со звук се избива… :) На сајтот AntiVuvuzelaFilter.com за 2.95 US долари може да преземете специјално дизајниран MP3 звук/филтер кој работи на принципот на откажување на звучната врева преку звучен притисок. Звукот од MP3-то формира нов звучен бран и го попречува зуењето на вувузелите и го прави нечујно за човечкото уво. Се што треба да направите е да го преземете MP3-то кое има времетраење од 45 минути и да го пуштите на почеток од натпреварот на звучник блиску до телевизорот. За второто полувреме, пуштете го повторно.

Екстерен филтер


Германскиот блог Surfpoeten објаснува како да си направите сами свој филтер и да го избегнете зуењето во вашите уши. Блогот објаснува како да си направите софтверски филтер кој селективно ќе ги намалува фреквенциите на кои се слуша вувузелата, односно 233 Hz, 466 Hz, 932 Hz и 1863 Hz. Авторот на блогот, експериментот го направил со тоа што го пренел аудиото од телевизорот на неговиот Mac Mini и користел Logic Express со неколку EQ филтери.

Доколку никој од наведените примери погоре не ви излегува во пресрет… тогаш концентрирајте се на наједноставното решение. :)


П.С. Доколку имате други решенија, споделете ги во коментарите и помогнете им на сите гледачи на светското првенство да го избегнат проколнатото бззззззззз….

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Коментари

14 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top