26 коментари 1 мин. читање

Претставен Skoool.mk

„Порталот е од особено значење за образовниот процес во Македонија затоа што ги опфаќа предметите математика, биологија, хемија и физика за основното образование, а дел од нив ќе се користат за средните училишта.“ вели министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.

Skoool.mk е тазе објавен сајт од страна на Intel и МИО на конференцијата, па затоа на порталот нема кој знае колку содржина. Но од таа содржина која ја има достапно може да се види дека има интерактивни лекции, некои во видео форма, заедно со тестови и други белешки од предавањето. Најавени се и летни обука за наставниците кои што предаваат по овие предмети.

ИТ министерот Ивановски рече дека учениците ќе добијат уште 65.000 компјутери со што Македонија ќе стане една од поразвиените земји во регионот со сооднос 1.4 студенти на 1 компјутер.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

26 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top