Shogun Showdown е мала и симпатична инди игра која маестрално комбинира елементи на roguelike и deck-building. Како резултат, добивате невообичаена, но впечатлива стратегија во која е од клучна важност вашето позиционирање на мапите и користење соодветни способности.

Смртоносното движење на самурајот
Иако не би можеле да помислите така на прв поглед, Shogun Showdown е turn-based стратегија каде се запaзуваат и вашите и непријателските редови. Имено, движењето низ малите, но шаренолики мапи е преку скокање од една на друга плочка. Можете да се движите лево или десно, како и да имплементирате серија од офанзивни напади.
Штом видите некој непријател, поставувате напад над вашата глава. Гледајте на овие напади како на еден вид влечење карти од шпил. Некои од картите ви дозволуваат напади со оружја на далечина, како лак и стрела, шурикен, пламен, или бомба. Некои напади се за од близина и преку користење арсенал од ладни оружја.

Тешко колку што е лесно
На почетокот имате ограничен број од карти, но како напредувате низ мапите, така отклучувате бројни дополнителни потези.
Интересно е тоа што Shogun Showdown е игра во која сите карти се од, првенствено, офанзивен карактер и имат за задача или да нападнат или да се повлечат на некоја плочка додека напаѓаат. Тоа значи дека избегнувањето е можно само додека тие одат накај вас вие да одите далеку од нив или, кога сте опколени да скокате де на лево, де на десно за да ги избегнете ударите.
Поради ова, Shogun Showdown се прикажува како игра во која предизвикот лежи во едноставноста на нејзините механики. Иако се е лесно и разбирливо, Shogun Showdown константно бара од вас да се свесни за вашата и непријателската местоположба, како и да размислувате кои карти ги влечете.

14 месеци во раниот пристап на Steam
Shogun Showdown има 96% позитивни рецензии, процент кој е заснован на 2594 гласа. По 14 месеци надополнувања, играта конечно излезе од раниот пристап на Steam, целосно оправдувајќи ги очекувањата на фановите. 1.0 верзијата се поднови со седмиот ден поврзан со конечното вознесение, целосно нов херој, нова локација, нови задачи и нови непријатели.
Иако се работи за едноставна pixel art графика, играта успешно ги пренесува јапонските локали. За пофалба се дводимензионалните дизајни, како и суптилната музичка подлога произведена со традиционални јапонски инструменти. Доколку барате забавна игра со едноставен концепт, но огромен предизвик, од срце ви го препорачуваме чедото на соло девелоперот кој стои зад Roboatino!

Повеќе детали за играта
- Произведува: Roboatino
- Издава: Goblinz Publishing, Gamera Games
- Жанр: стратегија
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Ќе излезе на: 5 септември 2024