4 коментари 1 мин. читање

Популарни сајтови со непопуларен едноставен дизајн

„Дали овие сајтови би биле уште попопуларни со подобрен дизајн?“ прашува Sixrevisions.

На листата се наоѓаат сајтови како Craiglist, сајт за кој може да се каже и дека нема дизајн, туку се ставени само најпотребните работи да функционира. Сепак Craiglist е еден од најпопуларните сајтови за огласи посетуван од милиони луѓе. Тука е и „пиратскиот залив“. PirateBay има само пребарување, и листа на торент сајтови, а сепак е еден од најпопуларните торент сајтови во светот. Други популарни сајтови со едноставен дизајн се и IMDb.com, PayPal, Answers.com

На листата е и Wikipedia која неодамна го подобри дизајнот, односно го поедностави дизајнот и ја зголеми функционалноста на опциите. Онлајн енциклопедијата сепак е сајт да импресионира со информации, наместо со дизајн, нели?

На листата на SixDivision може да додадеме и еден .мк сајт т.е Time.mk. Агрегаторот на вести се покажа како одличен сервис за информирање на луѓето, при тоа држејќи едноставен дизајн кој ја истакнува содржината.

Популарноста на сите овие сајтови е јасна порака до сите веб дизајнери. Истакнете ја содржината, не го затрупувате основното и сајтот ќе функционира одлично.

А да, да не го заборавиме и дизајнот на Google. :)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top