0 коментари 1 мин. читање

Polaroid Cube e минијатурна камера која е отпорна на удари и снима Full HD видео

Polaroid Cube e минијатурна камера која е водоотпорна до длабочина од 2 метри, отпорна на удари, може да се прикачи насекаде и овозможува снимање на видео со резолуција 1080р HD. Камерата наликува на коцка со раб 3,5 сантиметри, а аголот на снимање и е 124 степени и наменета е за корисници кои сакаат да снимаат насекаде за што ќе допринесе и издржливоста на камерата. Со камерата доаѓаат неколку „стативи“ кои можат да се користат за најразлични површини, но ако не сакате да носите стативи, Polarioid Cube има магнет кој овозможува да ја прикачите на метални површини без дополнителните стативи.

Polaroid Cube доаѓа со сензор од 6МР батерија која овозможува снимање на видео во траење од 90 минути, простор за microSD картичка до 32GB и кабел за полнење. Цената на камерата е 100 долари, а секој од стативите се продава посебно и чинат од 10 до 40 долари.

„Доловете го моментот со широкоаголен објектив кој ќе ги собере утринските палачинки со шлаг или одете во паркот и направете видео од кученца, фризби ентузијасти или двете! Додадете го стативот и снимајте додека се возите со велосипедот или снимете ги борбите со водени балони во вашиот двор. Камерата отпорна на удари и вода ќе биде клучна за вашите забави“.

[youtube]ePO6OKYyOec[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top