HTC состави тим од 260 луѓе кои ќе креираат апликации

во Мобилни

HTC се уште се наоѓа во тешка позиција на пазарот на паметни уреди, немаат таблет компјутер да се натпреварува со другите, а нивните најнови телефони, иако се одлично дизајнирани, сепак не се продаваат доволно добро како Samsung Galaxy и iPhone. НО, тајванската компанија ќе се обиде да го поправи својот бренд со креирање на нов оддел кој ќе работи на софтверски продукти и апликации, пишува Re/Code.

HTC Creative Labs тимот ќе биде составен од 260 луѓе од канцелариите во Сиетл, Сан Франциско и Тајпеј, чија цел ќе биде да креираат апликации и софтверски продукти. Првиот продукт е Zoe за Аndroid, апликација за креирање видео од фотографии, која е именувана според технологијата која HTC ја вградува во своите телефони. Се очекува HTC првин да ги експортира сите свои апликации кои ги пакуваат со телефоните, како самостојни апликации достапни за разните мобилни платформи.

Предизвикот за HTC, пишува Re/Code, ќе биде да најдат публика за Zoe и сите идни апликации, и да најдат начин како да прават пари од тие сервиси. Како и на пазарот на телефони, така конкуренцијата меѓу апликациите во Google Play и App Store е огромна, па HTC ќе мора да направи навистина добар продукт ако сака да си ги врати парите што ги троши за Creative Lab тимот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments