2 коментари 4 мин. читање

Да ги пензионираме SMS пораките со неколку попопуларни чет апликации

Не толку одамна преку мобилните телефони испраќаа текст пораки само преку SMS. Но, сега имаме неверојатен избор од куп апликации како WhatsApp, Viber, Facebook Messenger, iMessage и уште многу други. Ги има многу, па често користиме повеќе од една бидејќи мобилните платформи ги имаат нотификациите со кои лесно скокаме од една на друга апликација. Иако не сме сигурни која апликација е најпопуларна во Македонија, WhatsApp со 300 милиони корисници месечно, е најпопуларната апликација за текстуални пораки во светот. Viber, Skype и Facebook Messenger се блиску, иако не треба да ги потцениме и апликациите за краткотрајни пораки како Snapchat кои стануваат се популарни.

За разлика од поголемиот дел од останатите апликации WhatsApp е бесплатна во првите шест месеци за Windows Phone или една година за iOS и Android, а понатаму нејзиното користење чини 99 центи годишно. Најголема предност на апликацијата е нејзината едноставност и се разбира навистина големиот број на корисници. Недостаток е што апликацијата е токму замена за SMS пораките, па дел од опциите како видео разговор или повик не се достапни. Преземи: iOS | Android | Windows Phone | BlackBerry

Viber е најверојатно најчесто користената апликација за испраќање на текст пораки кај македонските корисници. Viber е бесплатен, а се дополнително се наплаќаат најразлични стикери и емотикони. Апликацијата овозможува и видео разговори и испраќање на аудио пораки, како и телефонски повик. Ако ви е потребно повеќе од текст пораки за да се изразите, можете да одберете од куп бесплатни стикери и емотикони, а доколку и ова не е доволно може да изберете и некој од оние кои се наплаќаат. Преземи: iOS | Android | Windows Phone | Blackberry

Доколку не знаете нечиj телефонски број, тогаш најдобар избор е Facebook Messenger. На друштвената мрежа се половина од интернет корисниците и една шестина од светската популација, што значи дека веројатноста да ги пронајдете вашите пријатели е најголема токму со оваа апликација. Најголема предност покрај огромниот број на корисници е едноставноста за користење, а веќе станува и задолжителна апликација доколку сакате да им испраќате Facebook-пораки на вашите пријатели од телефон. Преземи: iOS | Android | Blackberry 10 | Web

Google Hangouts е уште една опција која им е достапна на корисниците на повеќе платформи, иако сепак е достапна единствено за iOS, Android и десктоп. Голема предност е што се бесплатни видео разговорите во кој можат да учествуваат повеќе корисници. Недостаток е неможноста за испраќање на SMS пораките (tnx до @boriseto што во коментарите ни посочи дека може да се испраќаат SMS пораки) и непостоење на апликација за Windows Phone и Blackberry. Преземи: iOS | Android

[youtube]XkpjZ7oA_Qg[/youtube]

Долго време Skype е прв избор за разговор кај голем број на десктоп корисниците, но сепак кога станува збор за телефоните се чини дека Microsoft сè уште не успева да го пронајде вистинскиот рецепт да ги привлече корисниците. Но, Skype доби редизајн, ја креираа од нула, па сега функционира одлично. Апликацијата овозможува видео разговори, но сè уште се далеку од конкурентите. Преземи: iOS | Android | Windows Phone

[youtube]I8kQplrFvEk[/youtube]

Немате телефон? Не е проблем. Kik овозможува испраќање на текстуални пораки без телефон. Kорисникот треба да креира профил и да ја регистрира својата имејл адреса и со помош на апликацијата може да испраќа пораки. Апликацијата овозможува испраќање текстуални пораки на и со уреди кои немаат SIM-картички, како таблет компјутери или iPod. За жал и покрај добрата идеја, и покрај 150-те милиони корисници за кои Kik вели дека ја користат апликацијата месечно, сепак ќе ви биде проблем да најдете соговорник. Kik не доаѓа преинсталирана на телефоните и сличните уреди, па голема е веројатноста дека на Kik нема да успеете да ги пронајдете вашите пријатели. Преземи: iOS | Android | Windows Phone

Snapchat овозможува споделување на текст пораки или слики кој „траат“ 10 секунди за потоа да бидат заборавени, иако веќе има и опција за задржување на фотографиите или текстот. Апликацијата е супер популарна во САД, но за жал со ограничен успех во остатокот на светот. Преземи: iOS | Android

[youtube]UvhiRIT5DvU[/youtube]

Доколку сè уште немате омилена апликација можете да ја разгледате комплетната листа од 22 најпопуларни апликации за испраќање на текст пораки, која ја креираше The Next Web. Иако сепак најдобриот избор останува апликацијата која ја користат најголемиот број на вашите пријатели.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top