46 коментари 4 мин. читање

Дали треба да се забрани или регулира ТикТок во Македонија?

После двете ужасни ситуации во Србија, какви што не се паметат во поновата историја на овие простори, се појавија видеа на друштвената платформа ТикТок, на кои што деца го имитираат пукањето во училиштето и го доживуваат како да е некоја видео игра или филм. Покрај видеата, можат да се забележат и коментари под видеата, на кои што дел од соучениците убиецот го доживуваат како некој херој. Кога се читаат коментарите, делува како ова да е некоја видео игра или филм, а не трагедија од големи размери.

Ваквите коментари по платформата допринесоа влијанието на ТикТок да се најде во центарот на вниманието и да се стави на маса предлогот за регулација или забрана на ТикТок и во Македонија, затоа што според многумина ситуацијата е алармантна. Според други, цензурата е ужасна работа.

Дали треба да се регулира или пак целосно да се забрани е моменталната жестока дискусија во општествените кругови, како и на ИТ форумот. Покрај Србија, алармот се вклучи и кај нас. Деновиве, МОН и останатите надлежни институции ги разгледуваат опциите за регулација на оваа социјална мрежа, а како главни причини се трагедиите во соседна Србија и неквалитетните содржини кои што кружат секојдневно на оваа социјална мрежа.  

Ќе продолжиме со состаноци со институциите кои треба да проценат кои се потенцијалните ризици од употребната на тик-ток мрежата, какви материјали содржи и начинот како ја употребуваат учениците во основно и средно образование, соопшти министерот за образование и наука Јетон Шаќири.  

Зошто ТикТок е толку популарен? 

Алгоритамот на ТикТок е главниот виновник за популарноста на оваа социјална мрежа, па така алгоритамот одлучува што ќе му прикаже на корисникот следно, според: 

  • Видеата, кои што ќе ги лајкне и сподели,
  • Профилите што ги следи, 
  • Видеата кои што ги креира, 
  • Видеата кои што ќе ги додаде во омилени,   
  • Задржано време на одредено видео. 

ТикТок зема предвид колку време корисникот гледа видео, за да го смести типот на видеото на повисоко место во приоритетната листа на алгоритамот. Ако корисникот гледа видео до крај, тоа укажува на повисоко ниво на интерес, на што му се дава поголемо значење во алгоритмот. На овој начин се одредува интересот на корисникот и какви видеа да му се прикажуваат. Повеќе детали за што прикажува следно алгоритмот тука.

Забрана на ТикТок нема да биде ништо ново!

Во продолжение, табелата на држави кои што го имаат делумно или целосно забрането ТикТок. 

ДржаваДата кога е забранетТип на забрана
АвстралијаМарт 2023Делумна забрана
ЕрменијаОктомври 2020Регулиран од владата
АзербејџанСептември 2020Регулиран од владата
ФранцијаМарт 2023Делумна забрана
БангладешАвгуст 2021Делумна забрана
ИндонесијаЈули 2018Делумна забрана
Иран/Не е достапен
ЕстонијаМарт 2023Делумна забрана
ХоландијаНоември 2022Делумна забрана
Велика БританијаМарт 2023Делумна забрана
БелгијаМарт 2023Делумна забрана
НорвешкаМарт 2023Делумна забрана
ДанскаМарт 2023Делумна забрана
САДАприл 2023Делумна забрана
ИндијаАприл 2020Целосна забрана
ТајванДекември 2022Делумна забрана
АвганистанМарт 2023Целосна забрана
ЛатвијаМарт 2023Делумна забрана
Нов ЗеландМарт 2023Делумна забрана
ИрскаАприл 2023Делумна забрана
Кина/Не е достапен

Поради безбедносни причини и заштита на личните податоци, во следниве држави: САД, Австралија, Франција, Велика Британија, Белгија, Норвешка, Данска, Латвија, Ирска, социјалната мрежа е забранета на сите уреди кои што ги користат вработените во јавниот сектор. Во Ерменија и Азербејџан е регулирана од своите влади, поради конфликтот во Нагорно-Карабах. Додека пак во Индија и Индонезија забраната е поради несоодветна содржина. Друг интересен факт е тоа што ТикТок, како една од најпопуларните кинески апликации (можеби и најпопуларна по WeChat) не е достапна во Кина.

Image by starline on Freepik

Наместо ТикТок, во Кина е достапна апликацијата Douyin, која што е апликација близнак на ТикТок. Разликата е тоа што Douyin има строги рестрикции, како блокирање на интернационална содржина и лимити за користење од страна на деца. Двете апликации се во сопственост на кинеската компанија Bytedance.

Темната страна на ТикТок

Извештајот од Центарот за борба против дигитална омраза (CCDH), објавен во декември 2022, откри дека ТикТок им препорачува содржина на самоповредување и нарушување во исхраната на некои корисници во рок од неколку минути откако ќе се приклучат на платформата. За да ја спроведат студијата, истражувачите создадоа профили на ТикТок кои се преправаат дека се 13-годишни деца заинтересирани за содржина за сликата на телото и менталното здравје. Наодите покажаа дека алгоритмот на ТикТок препорачува самоубиствена содржина уште 2,6 минути по придружувањето, а содржината на нарушувања во исхраната во рок од 8 минути. Студијата, исто така, идентификуваше 56 хаштагови на ТикТок со видеа за нарушувања во исхраната со над 13,2 милијарди прегледи.

Според The Wall Street Journal, ТикТок составил листа на корисници кои гледале LGBT содржина на апликацијата и ги следи. Оваа политика на работење наиде на протест од поранешните вработени. Апликацијата ги следи корисниците кои често гледаат видеа означени со клучни зборови како што се LGBT (лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови).

Дополнително, тука се и опасните предизвици како вештачко пумпање на уста со вакумско вшмукување (познато и како Kylie Jenner Lips challenge) и еден куп други, достапни во секој момент поминат на социјалната мрежа, а голем дел од нив може и да завршат фатално за корисниците.

Сето ова укажува на тоа дека треба сериозно да се пристапи на овој проблем и институциите да ја превземат одговорноста, со цел надминување на истиот.

Дали треба да се забрани или регулира ТикТок во Македонија? Споделете го вашето мислење…

Напишано од

Љубомир Давитков е автор соработник на IT.mk, софтверски инженер, а во слободно време пишува tech блогови и вежба карате.

Forum replies (46)Kоментари на статија (0)

Се вчитуваат нови одговори…

Ragnar

poweruser

2,568 пораки 3,206 лајк

Јас сум против забрани. Не може на луѓето да им забраниш да бидат глупави.

одговори 18 лајкови

a
alexi

hello world

159 пораки 85 лајк

Како прво за забрани се сложувам, но од друга страна поефикасна работа е да се филтрираат сите видеа кои се со експлицитни содржини како пример (чаленџери со глупави идеи задржи воздух 5 минути и после последици), и како такви да не се појават во етер на интернет, бидејќи несоодветно созреан мозок на малите деца мислат се е како во цртан филм ако можело тоа можам и јас викаат и после последиците сами идат... И плус секој родител мора да свати дека тоа е дете на кое мора да му посветите внимание повеќе, а не да го запоставите како некои зркнати во фејсбук или што ти знам гледаат да порачаат нешто од интернет ова она, а детето го оставаат со таблет или мобилен или на телевизор да гледа што ќе му текни затоа прво родителите да РАЗМИСЛАТ.

одговори 1 Like

Goran995

Баниран/a

1,495 пораки 2,572 лајк

Сум прошол секакви социјални мрежи бидејќи го фатив и времето на нивниот подем.
mIRC, ICQ, Yahoo! Answers, Live Messenger, MySpace, Hi5, Twitter, Facebook, LinkedIn, 4chan, YouTube, Skype, Reddit, Flickr, Vine, Discord, Twitch, Tumblr, Instagram, prijateli.com.mk, top.mk

TikTok е најголемото срање од сите нив и претставува се што е погрешно со човештвото во 21-ви век, иако има доста конкуренција за таа „титула“.

одговори 12 лајкови

DarthJe5us

poweruser

3,104 пораки 2,343 лајк

Сум прошол секакви социјални мрежи бидејќи го фатив и времето на нивниот подем.
mIRC, ICQ, Yahoo! Answers, Live Messenger, MySpace, Hi5, Twitter, Facebook, LinkedIn, 4chan, YouTube, Skype, Reddit, Flickr, Vine, Discord, Twitch, Tumblr, Instagram, prijateli.com.mk, top.mk

TikTok е најголемото срање од сите нив и претставува се што е погрешно со човештвото во 21-ви век, иако има доста конкуренција за таа „титула“.

Како стигна до заклучок дека ТикТок е најлоша мрежа од сите?

одговори 1 Like

Goran995

Баниран/a

1,495 пораки 2,572 лајк

Како стигна до заклучок дека ТикТок е најлоша мрежа од сите?

Така.

Ти како стигна до заклучок дека не е?

одговори 3 лајкови

Fredy

Ербап

1,223 пораки 3,271 лајк

И филмови да забранат да се гледаат јер и у голем дел од нив има некој вид насилство.
Таман после ќе може и полека за шеријат да се спремаме :)

Sent from my SM-G975U using Tapatalk

одговори 2 лајкови

G
Guest

Јас сум против забрани. Не може на луѓето да им забраниш да бидат глупави.

Да ама некако со TikTok многу глупави луѓе доаѓаат до израз на интернетов.
Јас $hitTok би го карактеризирал како сајбер напад од Кина на остатокот од светов.
Имаше еден куп видеа каде е докажувано дека алгоритамот во Кина им сортира корисни видеа на TikTok, а во спротивно на остатоков од светов, поготово Америка, си врти глупави видеа, челенџи, простилук најпросто кажано.

Vine беше слично ако го паметите, али не беше вака токсично. Баш беше смешно. Не знам зошто ова сра*е со потполно иста идеа зема толкав замав.

одговори 4 лајкови

G
GoranMak

hello world

257 пораки 245 лајк

Као пред ТикТок све мудреци беше младината

Младите, пред ТикТок и Задруга

одговори 4 лајкови

gokica

Модератор

10,086 пораки 14,192 лајк

Јас лично нема да плачам ако го забранат. Никој дома немаме акаунт. Иако општо не сум поборник на забрани и ограничувања.

Ама она што треба да се направи е да се модернизира образованието од корен. Почнувајќи од наставните програми и едукација на кадар, но и поактивно да ги вклучи и родителите.

Натрупан е само материјал кој едвај може да се стигне да се предаде на децата. Седење 7 часа во клупа и бубање на текст од книги па прераскажување на истото не вродува со плод. Развиениот свет одамна го надмина овој концепт. Мора да има многу повеќе време за разговор, градење на вистински вредности и социјализација.

одговори 6 лајкови

Miki98

lurker

617 пораки 384 лајк

Како стигна до заклучок дека ТикТок е најлоша мрежа од сите?

Опасна работа е тикток,јас го користам повеќе за да гледам билдери, вежбање и за компјутери,од друга страна нешто што неможеш да очекуваш во оваа апликација е што сите се глупираат,еве пример:
Мојата Колешка што неја познавам на тикток се глупираа,ја избришав таа глупа апликација не е добра,дури старите луѓе се рекламираат не личи на ништо.

одговори 1 Like

ARMac

senior

9,392 пораки 12,333 лајк

НЕ за цензура

најди друг начин

одговори 1 Like

DarthJe5us

poweruser

3,104 пораки 2,343 лајк

Така.

Ти како стигна до заклучок дека не е?

Нема што да дискутираме повеќе. :)

Редит сигурно е подобар со r/watchpeopledie, кој иако е избришан се распредели во 100 други сабредити. Или 4chan/gif со се што се постира таму.

Facebook што е најголема диструбициона мрежа за CP во свет сигурно е подобра мрежа нели?

Напиши глупост без обид за дискусија и наредниот пат.

Опасна работа е тикток,јас го користам повеќе за да гледам билдери, вежбање и за компјутери,од друга страна нешто што неможеш да очекуваш во оваа апликација е што сите се глупираат,еве пример:
Мојата Колешка што неја познавам на тикток се глупираа,ја избришав таа глупа апликација не е добра,дури старите луѓе се рекламираат не личи на ништо.

Што е опасно? Тоа што ти дава да го гледаш тоа што сакаш исто како сите други социјални мрежи?

одговори 1 Like

mdeni

senior

6,096 пораки 6,039 лајк

Премногу млади луѓе имаат пристап да поставуваат видеа. Барем мене реално тоа ми е проблемот со тикток. Покрај многуте други проблеми. Да има лимит на 18 и 21 година верувам би имал барем малку повеќе логика.

одговори 1 Like

JamesKirk

poweruser

3,790 пораки 3,970 лајк

Северна Кореја ни тропа на врата :))))

одговори 1 Like

Psycore

Модератор

1,145 пораки 1,542 лајк

И јас сум не за цензура туку за поголема модерација.
Можам да се сложам дека и јас ги поминав сите горе-набројани социјални мрежи, но не се слагам дека ТикТок е глупа мрежа. Како што имаше една стара клише поговорка дека "компјутерот е паметен, колку што е неговиот корисник", таков ќе ти биде и ТикТок-от. Сам си го обликуваш. Имаат екстремно добар алгоритам што прави релативно добра проценка во каков контент уживаш. Мене не ми искача ниту еден challenge и никакви токсични содржини. Генерално ми излегуваат клипови за програмирање, АI, новости од технологија, по некој краток инсерт од филм и секако по некоја разголена млада тетка. Го користам 30-45 минути на ден, за пред спиење мозок да олабавам.

одговори 3 лајкови

Comments are closed.

Мени
Заедница
Изглед
To top