0 коментари 2 мин. читање

Блокирајте непродуктивни апликации и фокусирајте се на она што е важно со AppBlock

Facebook, Twitter, TikTok. Ова се едни од апликациите кои најчесто го привлекуваат нашето внимание и негативно влијаат на нашата продуктивност.

AppBlock е апликација за iOS и Android, а се испорачува и како екстензија за прелистувачот Chrome. Целта на апликацијата е едноставна и се залага да го отсече вашиот пристап до непродуктивните апликации и веб сајтови кои вампирски го цицаат слободното време.

Откако ќе ја инсталирате апликација, можете да одберете кои апликации и веб сајтови да бидат блокирани и на колку време, односно во кои денови. Тоа значи дека не само што не можете во тој период им пристапите на апликациите туку и нема да добивате известувања од нив.

Секојпат кога ќе се „збуните“ и ќе пробате да отворите апликација ќе добиете кратки статистички податоци како колку пати сте ја отвориле апликацијата и совети за подобро искористување на времето. По истекување на времето апликациите ќе бидат отклучени и ќе можете повторно да ги користите.

Нормално, моќта е во вас и доколку сакате инстантно можете да одблокирате се, но поентата со апликацијата е да практикувате само контрола и да не дозволите така лесно да паднете во искушение.

AppBlock дефинитивно делува како интересно решение и за помладите ученици на кои може на овој начин да им се врзат рацете за да поефикасно се посветат на учењето, а не на константно изложеност на несоодветни TikTok видеа.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top