0 коментари 1 мин. читање

Автоматско преземање и менување десктоп позадини со MultiWall

MultiWall не е вашата стандарна алатка за менување позадини. Доколку сакате да менувате позадини имате на располагање одлична алатка како дел од Windows оперативниот систем, но MultiWall се разликува од стандарната алатка по тоа што нуди напредни можности од секој можен аспект.

MultiWall се одликува со одлична подршка при работа со повеќе монитори и можете да наместите автоматско менување на едни позадини за еден монитор, а други позадини за друг. Позадините може да се „влечат“ од некој ваш фолдер со позадини или пак од еден од два понудени извори за стримање слики.

Секоја позадина може да биде центрирана, развлечена, да се прикажуваат повеќе од нив, да се ротираат, како и да им се наметне некој од 10 филтри. Апликацијата е целосно бесплатна и можете да ја проверите на следниот веб сајт.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top