0 коментари 1 мин. читање

Epic ќе подари 15 игри во пресрет на новата година

Традиционално, како и претходните години, Epic се подготвува за секојдневно подарување по една игра. Последните две недели од месецот декември, сите што секојдневно ќе ја посетуваат Epic Store ќе можат да зграпчат по една бесплатна игра која ќе биде на понуда. Игрите се врзуваат за вашиот Epic акаунт и можат да се преземаат и играат преку нивниот клиент.

Чисто за споредба, во 2019 година, Epic подари 12 игри во декември, а во 2020 и 2021 година подари по 15 игри. Дел од игрите по првпат се подаруваа, а дел веќе беа подарувани во текот на годината. Независно од тоа, квалитетот на игрите е исклучително висок – претходната година ги добивме Prey, Control, Tomb Raider Trilogy, Shenmue 3 и многу други. Сеуште не е откриено кои игри ќе бидат подарени на корисниците.

Паралелно со оваа кампања, планирана е огромна распродажба на игрите, како и ваучер од дополнителен попуст од 25%. Сево ова би требало да стапи на сила од 15 декември! До тогаш, бесплатно се нудат Fort Triumph и RPG in a Box, a веднаш по нив ќе се понуди Saints Row IV заедно со Wildcat Gun Machine.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top