2 коментари 1 мин. читање

Опуштете се со пријатните звуци на A Soft Murmur

Независно од тоа дали сакате да работите, учите, спиете или едноставно да се релаксирате, A Soft Murmur е веб сајт и апликација која ве опсипува со пријатни звуци.

Некои луѓе се смируваат со слушање како дожд паѓа, други со огин како гори, а трети со комбинација од двете, плус со повремени звуци на птици, штурчиња, бранови, ветер, или грмотевици. A Soft Murmur го има сево ова и многу повеќе.

По посетување на веб сајтот, одбирате какви звуци сакате да слушате и со кој интензитет. По направените прилагодувања, можете инстантно да започнете со слушањето, а доколку вашето експериментирање со звуци вроди интересен микс, можете истиот да си го сочувате, за да веднаш дојдете до него при наредната посета.

Покрај веб сајт, A Soft Murmur се испорачува и како апликација за iOS, односно Android. На располагање имате многу звуци. Во случај да сакате уште повеќе, попрецизно, уште 13 дополнителни звуци, потребно е да направите надградба на вашата сметка.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top